Осомничениот за обидот за атентат на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп е идентификуван како Рајан Весли Рут, градежен работник од Хаваи, роден 1966 година.
Рут бил уапсен кога се обидел да побегне со црн нисан од теренот каде Трамп играл голф. На местото каде што го откриле агенти на Тајната служба, пронајдени се два ранци, камера „го про“ и автоматска пушка слична на „калашников“.
Според првите информации, Рајан Весли Рут на социјалните мрежи се пофалил дека извесно време поминал како доброволец во Украина, а подоцна помогнал во регрутирањето борци за тој фронт.
Агентите го откриле откако ја пробил оградата на теренот за голф. Се наоѓал на најмалку 250 метри од Трамп.
Ryan Wesley Routh, the Suspect identified in today’s Assassination Attempt on Former U.S. President Donald J. Trump in West Palm Beach, is said to have been Heavily Involved with the Ukrainian International Legion; which he had previously assisted in the Recruitment for in 2022,… pic.twitter.com/uLkNOZ9sSb
— OSINTdefender (@sentdefender) September 15, 2024
Тоа беше втор обид за атентат врз републиканскиот претседателски кандидат за два месеци. Претходно, во малото гратче Бејкер, Пенсилванија, тој беше ранет од пушка застрелан од Томас Метју Крукс, кој веднаш беше убиен од полициски снајперисти.