Новинарски прилог уби куче со болви во Штип, Анима мунди ќе бара кривична одговорност

by fokus

Негрижата на надлежните општински органи за бездомните кучиња повторно ја бранува јавноста. Прилогот на една телевизија за бездомно куче во Штип, кое жителите го нарекувале Бренда, резултираше со еутаназија затоа што луѓето не сакале да гледаат куче со болви.

Невладината организација за заштита на животните „Анима Мунди“ ги обвинува општинските власти за лошото третирање со уличните кучиња. Од таму прашуваат зошто кучето било убиено, а не третирано со ампули против болви и вратено на улица.

„Ова ли е хуманиот третман на животните кој го вети Влада на Република Северна Македонија, сите градоначалници; со кој добивте огромна поддршка од љубителите на животни на избори? Ниту забрана за еутаназија, ниту полиција за животни, ниту активисти да управуваат со стационари, ниту коњите спасени, хорор сцени секојдневно на улиците – се ветивте, НИШТО не исполнивте! А гледаме колку агилни сте кога треба да се убие! Општина Штип Македонија, градоначалник Bocvarski Blagoj , инспектори и ветеринарна станица – Штип на чело со Крсто Митев, по оваа монструозност ќе ве паметиме и кривично ќе одговарате за убивањето и на ова куче! Свесни ли сте дека секој трет граѓанин во нашата држава има,или се грижи за напуштено маче или куче. Како што тргнаа работите, СИТЕ ќе не имате за непријатели!“, пишуваат од „Анима Мунди“.

Од таму нагласуваат дека локални жители се грижеле за ова убиено куче и дека на нив им било ветено од локалниот ветериран дека ќе му помогне на кучето.

„Повеќе од 7-8 години го храневме сите комшии, беше заштитник од ајдуци навечер… Ќе ја бараме Бренда назад ама веќе е касно, немам зборови за Крле, ни вети дека ќе ја исчисти и врати назад, а потоа дознавме дека ја фрлиле во депонија“, пишува еден штипјанец.

Поврзани новости