Новинарот и уредник на Канал 5, Гоце Михајлоски кој беше позитивен на корона вирусот, преку својот профил на Фејсбук во детали ги опиша деновите како се справувал со опасната болест.
Тој се заблагодари на сите медицински лица за помошта додека се борел со болеста и апелираше да се носат маски и да се држи растојание.
ЕДЕН МЕСЕЦ ПОДОЦНА: Битката ја добив, војната ја изгубив(ме)Сосема беше во право британскиот премиер Борис Џонсон,…
Publiée par Mihajloski Goce sur Lundi 4 mai 2020
„Последниот викенд во Прилеп
Во семејната куќа во Прилеп вирусот “влегол” кон крајот на март. Викендот 28-29 март бев во посета на родителите, неполни 24 часа, тогаш полицискиот час беше од 16 часот. Подоцна се покажа дека тоа е и последна средба со татко ми. Никој немаше никакви симптоми и не можеше ниту да претпоставиме дека “непријателот” е тука. Од каде дошол не знаеме, можеме само да погодуваме, ама тоа сега веќе е и ирелеватно“, напиша Михајловски на својот профил.