Новинарот Кежаровски на својот роденден седна на обвинителна клупа, стартува судењето за „Ликвидација“

by fokus

На денот на неговиот роденден, новинарот Томислав Кежаровски повторно седна на обвинителна клупа, како обвинет во случајот „Ликвидација“.

На Кежаровски и на останатите обвинети повторно ќе им се суди, по одлуката на Врховниот суд да ги укине првостепената и второстепената пресуда и судењето да го врати од почеток.

Денешното рочиште сепак се одложи, бидејќи една од поротничките не беше присутна, односно имала оперативен зафат.

Кежаровски во 2013 година беше осуден за откривање на идентитетот на заштитениот сведок во случајот „Ореше“ во текст во списанието „Репортер 92“, со што според судот му го загрозил животот. Кежаровски помина пет месеци во притвор, во истражниот затвор „Скопје“, а потоа беше во домашен притвор. Според Кривичниот суд,тој беше осуден на 4 години и шест месеци, а Апелација му ја намали казната на две години.

Во овој случај осудени на правосилни казни беа и обвинетите:

  •  Иле Танев,  единствена казна затвор во траење од 1 година и 6 месеци.
  •  Валентин Зафиров, казна затвор од 2 години и 6 месеци.
  •  Ивица Ефремов, единствена казна затвор од 3 години.
  •  Борис Николовски, условна казна од 1 година затвор, која нема да се изврши доколку тој во следните 3 години не стори ново кривично дело. (Судијата Николовски почина во 2017 година, поради што за него постапката се запира).
  •  Сашо Лазаревски, условна казна од 1 година затвор која нема да се изврши доколку тој во следните 3 години не стори ново кривично дело.

Адвокатот Александар Тортевски побара за наредното рочиште Обвинителството да го прочисти обвинителниот акт, бидејќи за повеќето обвинети кривичната дела се застарени, и на нив нема да може да им се суди.

-Милион денари ќе го чини државата наредното рочиште, доколку не се прочишти обвинението, рече Тортевски.

Наредното рочиште е закажано за 3 септември.

  • All-focus

    В.В.

Поврзани новости