Македонскиот институт за медиуми денеска ja додели новинарската награда “Никола Младенов“ за најдобра истражувачка сторија во 2013 година на новинарката од „Фокус“ Ирена Мулачка за тоа што го откри скандалот „Перде“.
На годинешниот конкурс се пријавија 21 автор, со вкупно 29 стории обработени во 91 текст/прилог, кои беа објавени во дневните весници и Интернет портали.
Втората награда ја доби новинарката на НОВА ТВ, Менче Точи за текстовите поврзани со загадувањето во Кавадарци, а третото место го освои Томислав Кежаровски за написите околу сообраќајната несреќа на Никола Младенов.
Наградата се доделува традиционално по тринаесетти пат, како дел од заложбите на МИМ за унапредување на професионалното новинарство и на демократските вредности.
Добитничката на втората награда Менче Точи:
Сопругата на добитникот на третата награда, Томислав Кежаровски, кој е во домашен притвор, Марина Кежаровска ја прими наградата во негово име:
Новинарката на порталот НОВА, Сашка Цветковска, беше пофалена:
Сите добитници заедно:
Добитниците заедно со членовите на жирито:
Добитничката на првата награда, Ирена Мулачка: