Судот во Милано и наложи на новинарката Џулија Кортез да ѝ плати на италијанската премиерка Џорџа Мелони отштета од 5.000 евра, бидејќи ја исмевала на социјалните мрежи.
Како што јави Ројтерс, новинарката во октомври 2021 година беше казнета со 1.200 евра поради исмејување на висината на премиерката, а објави и ретуширана фотографија од Мелони и поранешниот премиер и лидер на фашистичката партија Бенито Мусолини.
Мелони потоа напиша на Фејсбук дека се работи за „фалсификувана фотографија“ и дека му наложила на својот адвокат да покрене правна постапка против новинарката.
„Не ме плашиш Џорџа Мелони. На крајот на краиштата, висока сте само 1,2 метри. Не можам ни да те видам”, ѝ одговорила новинарката на Твитер.
Кортез може да се жали на пресудата, а адвокатот на премиерката рече дека парите за отштета ќе бидат донирани во добротворни цели.
Судот во Рим минатата година го казни и авторот на бестселерот Роберто Савијано со парична казна од 1.000 евра, откако јавно го навреди судот на телевизија во врска со илегалната имиграција.
Новинарите на италијанската државна телевизија РАИ во мај штрајкуваа против владата на Џорџа Мелони поради „контрола“.