Новинарка интервјуираше претставник на талибанците

by fokus

На еден од најголемите медиуми во Авганистан – телевизијата „Толо Њуз“, новинарка интервјуираше член на медиумскиот тим на талибанците во живо во студио.

Шефот на „Толо Њуз“, Мирака Попал, на твитер објави фотографија од интервјуто, како и фотографија на која се гледа како жена облечена во хиџаб присуствува на утринскиот состанок на редакцијата на медиумот.

Претходно, новинарки водеа вести во Авганистан, но главно беа тргнати од телевизиските екрани откако талибанците го заземаа Кабул.

Поврзани новости