Норвежанецот Ерлинг Халанд официјално е прогласен за најдобар играч во Премиерлигата за сезоната 2022/23.
За голгетерот гласале 82% од вкупно 800 новинари во Британија.
BREAKING NEWS – Erling Haaland and Sam Kerr are this year’s Footballer of the Year and Women's Footballer of the Year. Congratulations to the @ManCity and @ChelseaFCW
players. More to follow, full details on our website: https://t.co/NkyhxCyToR #FOTY75 pic.twitter.com/GVW7DxYT2s— The Football Writers' Association (@theofficialfwa) May 12, 2023
Тој досега сезонава постигна 51 гол во сите натпреварувања, а во англиската елита забележа 35 погодоци и 7 асистенции.
Досега никој во историјата не добил толку голема поддршка како Халанд, а англиските медиуми пишуваат дека сосема заслужено ја добива оваа награда.
Зад него на листата се најдоа Букајо Сака и Мартин Одегард од Арсенал, како и соиграчот на Халанд од Манчестер Сити – Кевин Де Брујне.
Во женска конкуренција признанието оди во рацете на Сем Кер од Челси која доби двојно повеќе гласови од Рејчел Дејли од тимот на Астон Вила.