356
По барање на одбраната, новинарите привремено беа отстранети од рочиштето на случајот „Тврдина 2“, во кој обвинет е поранешниот началник на Петтата управа на УБК, Горан Грујевски.
Јавноста беше отстранета од судењето за да изврши увид во документацијата која тимот на СЈО го достави до судот. Се работи за увид во комуникацијата меѓу Судот, МВР, УБК и СЈО а се однесува на барањето за класифицирани докази.
Претходно, новинарите беа отстранети по барање на адвокатот на Грујевски, иако обвинителката Ленче Ристовска рече дека нема потреба од тоа, бидејќи нема да изнесе класифицирани информации.