477
Здружението на новинари на Македонија и Синдикатот на новинари и медиумски работници денеска организираат протестен марш поради нападите врз новинарите и снимателите, навредите и понижувањата од политичарите, нелојалната конкуренција и небезбедните услови во кои работат новинарите.
Новинарите пред Влада порачаа дека нема да се извинуваат поради поставени незгодни прашања и испратија порака дека сиромаштијата е еднаква на автоцензура.