Велико Трново наесен ќе биде домаќин на состанок меѓу новинари од Бугарија и Република Северна Македонија, организиран од БТА, најави генералниот директор на бугарската агенција БТА, Кирил Валчев.
Тој посочи дека десет новинари од двете земји се очекува да го продолжат дијалогот меѓу нив, што почна во 2019 година.
Тогаш новинари од Република Северна Македонија ги поканија своите бугарски колеги во Охрид на состанокот наречен „Викенд за дијалог“. Претстојната средба околу 22 септември во Велико Трново ќе се вика „Време за разговор“, рече Валчев, јави БТА.
Според него, луѓето од двете земји и особено новинарите имаат значителна потреба за разговор.
Настанот ќе се одржи со помош на Илхан Ќучук, кој е известувач на Европскиот парламент за Република Северна Македонија.
– Целта на таквите состаноци е да се запознаат едни со други и да раскажат за денешниот ден, кога се познавате и разговарате со другата страна, можете да решите многу полесно натрупани проблеми во минатото, рече Валчев.