336
На следното рочиште во Кривичниот суд, за обидот за убиство врз лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, ќе сведочат новинар и уште две лица. Трите сведоци на обвинителството биле во Собранието на 27-ми април и го посведочиле крвавиот напад врз Села од толпата демонстранти.
Ова рочиште е закажано за 19-ти март. На денешното судење вештаците од Судска медицина, кои го изготвиле вештачењето на Села, изјавија дека неговите повреди биле животозагрозувачки и дека доколку не ја зема редовно терапијата, Села може да добива епилептични напади.