Нови жртви од пожарот во Грција: Во шумата кај Еврос пронајдени 18 јагленосани тела

by Fokus

Во близина на Еврос во Грција денеска се пронајдени 18 јагленосани тела, а според првите информации се откриени на две локации во шумата која беше зафатена од пожарот.

Телата се пронајдени во атарот на селото Дадија, јавува локалниот портал Еврос.

Се претпоставува дека се работи за мигранти кои се криеле во шумата.

Претходно денеска грчките медиуми објавија дека осум населени места и локална болница се евакуирани поради големиот пожар што ја зафати областа околу градот Александрополис, на североистокот на Грција.

Околу 90 пациенти, од вкупно 204, се привремено сместени на траектот Адамантиос Кораи во пристаништето Александрополис.

Пламените јазици зафатија дел од дворот на Универзитетската општа болница во Александрополис, каде медицинскиот персонал започна евакуација со амбулантни возила.

Поврзани новости