Нови земјотреси во Македонија

by Фокус

Два земјотреси утрово повторно се регистрирани во Македонија.

Првиот потрес е со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала е регистиран во 08:46 часот. Епицентарот на земјотресот е 12 километри северно од Берово, на длабочина од 7 километри.

Вториот земјотрес бил со послаба јачина од 2,1 степен седум минути подоцна со епицентар во истото место и на длабочина од десет километри.

Два земјотреси чии епицентри припаѓаат на епицентрално подрачје Делчево-Берово, со јачина од 3.6 и 2.9 степени според Рихтер беа почувствувани и вчера попладне.

Поврзани новости