Нови заклучоци за контрола на мазутот

by Фокус

Владата на денешната седница усвои дополнителни заклучоци на веќе донесените од претходната седница во однос на увозот, контролата и анализата на увезениот мазут. Со новите заклучоци, информираат од Владата, се задолжува Бирото за метрологија да склучи договор со акредитирано тело за земање на мостри од мазут за потребите на Државниот пазарен инспекторат.

„Со уште еден заклучок, се задолжени и Царинската управа и Бирото за метрологија, за потребите на Државниот пазарен инспекторат, по барање на Државниот пазарен инспекторат, да спроведат постапка за земање примероци за анализа и анализа на мазут, согласно Правилникот за квалитет на течни горива и да ги достават на испитување до акредитирана лабораторија“, посочуваат од Владата.

Поврзани новости