Непознато лице вербално и се заканувало на претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, по што интервенирало нејзиното обезбедување. Инцидентот се случил денеска напладне во близина на ТЦ „Рамстор“ во центарот на Скопје.
-Полициски службеници од Полициската станица Центар денеска во 14 часот го лишиле од слобода В.П.Г. (57) од Богданци, постапувајќи по претходна пријава дека во угостителски објект во трговски центар на подрачјето на Центар во Скопје упатил закани кон Д.К.(67) од Скопје со зборовите „ќе одговараш, страшно ќе одговараш”. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот во координација со јавен обвинител против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 144 од Кривичниот законик, соопшти МВР.
Од Уставниот суд за МИА потврдија дека претседателката на Судот Кацарска денеска во полициска станица пријавила вербален напад и загрозување на сигурноста. Изјава за настанот во полиција дале неколку сведоци.
Пред неколку дена во подземна гаража на зграда во Центар беа пронајдени импровизиран кревет и кујнски нож, на гражаното место на Кацарска.