Нови воздушни напади врз Киев

by Fokus

Во тек е нов воздушен напад врз главниот град на Украина, деветти овој месец.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко изјави дека како последица на ударот во главниот град избувнале два пожари. Тој не кажа дали има повредени, но упати апел граѓаните да останат во засолништата додека трае нападот.

Сегашниот напад врз Киев е „без преседан во однос на силата, интензитетот и разновидноста на употребеното оружје“, објави градската управа на Киев на Телеграм.

Едно лице загина, а две се ранети во ракетен напад врз Одеса, пристанишен град на Црното Море на југозапад, соопшти портпаролот на воената управа на тој град, Серхиј Братчук.

Експлозии се слушнале и во централна Украина, во областите Виница, Хмелницки и Житомир.

Воената администрација на Киев соопшти дека прелиминарните информации укажуваат дека се уништени сите руски ракети.

Шефот на воената администрација на Киев, Серхи Попко, изјави дека Русите извршиле „жесток ракетен напад“ со проектили лансирани од стратешки бомбардери над Каспиското Море.

Попко истакна дека во нападот најверојатно биле користени крстосувачки ракети, додавајќи дека Русија пред ракетите испратила голем број извидувачки дронови над Киев.

Ова е деветти пат Русија да изврши воздушни напади врз градот о

Поврзани новости