Нови вооружени инциденти со жртви во САД

by fokus

Маж со пиштол уби две жени на паркинг на црква во американската сојузна држава Ајова, а потоа се самоуби, а во втор вооружен инцидент ранети се две лица на гробишта во Висконсин, јавува Ројтерс.

Пукањето во Ајова се случило, пред црквата Корнер- стон, фундаменталистичка христијанска црква источно од градот Ејмс, додека траела богослужбата, а кога полицијата пристигнала на местото, пронашла тројца мртви, канцеларијата на шерифот објави.

Во меѓувреме, во втората престрелка две лица се ранети на гробиштата во Рајсин, Висконсин, кога напаѓачот испукал неколку истрели кон луѓето кои присуствувале на погребот, соопшти полицијата.

Еден од повредените бил пренесена во локалната болница и пуштен, а другиот поради сериозноста на повредите е префрлен во болница во Милвоки..

Во САД во последните недели се случија неколку слични инциденти. Во северниот дел на Њујорк во пукотница загинаа 10 Афроамериканци, 19 деца и двајца учители во Тексас, а во последниот инцидент што се случи завчера во пукање во болница, убиени се двајца лекари, рецепционер и пациент во Оклахома.

Американскиот претседател Бајден често пати повикуваше конгресот да преземе акција против вооруженото насилство..

Тој предупреди дека доколку законодавците не реагираат, гласачите треба да го постават ова прашање како централно прашање на ноемвриските избори, кои се одржуваат на средината на претседателскиот мандат.

Поврзани новости