Нови цени на горивата: поевтинуваат дизелот и Еуросупер БС-98

by Fokus

Од ноќеска на полноќ дел од горивата ќе бидат со намалени цени.

Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), бензинот еуросупер БС-98 поевтинува за половина денар по литар, дизелот се намалува за еден денар за литар, а цената на еуросупер БС-95 останува иста.

Литар бензин БС-98 ќе се продава за 79 денари за литар, литар дизел ќе чини 72,5 денари, а бензинот БС-95 и натаму ќе се продава за 77 денари. Екстра лесното масло за домаќинство кое ќе се продава по 72 денари за литар.

По повисока цена ќе се продава мазутот кој поскапува за 0,281 денари, а еден килограм ќе чини 41,517 денари.

Поврзани новости