429
Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 од ноќеска на полноќ поскапува за половина денар, а за толку се намалува цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1). Поевтинува и мазутот М-1 НС, за 0,886 денари за килограм, а не се менува цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).
Новата цена на моторниот бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе изнесува 91,50 денари за литар, 103 денари на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V), 98,5 денари на Екстра лесното 1 (ЕЛ-1), а 51,034 денари на мазутот М-1 НС – 51,034.
Со Одлуката на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,43 проценти во однос на одлуката од 12. месецов.