Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), бензините од полноќ ќе поскапат за еден, а дизелот за два и пол денари за литар. За два и пол денари ќе поскапи и екстра лесното масло за домаќинство
Од ноќеска на полноќ горивата ќе се продаваат по нови цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Според одлуката на РКЕ, бензините од полноќ ќе поскапат за еден, а дизелот за два и пол денари за литар. За два и пол денари ќе поскапи и екстра лесното масло за домаќинство.
Па така, литар еуросупер БС-95 ќе чини 88 денари, еуросупер БС-98 ќе се продава за 90,5 денари за литар, а литар дизел ќе чини 83,5 денари. Екстра лесното масло за домаќинство ќе чини 83 денари, а килограм мазут од ноќеска на полноќ ќе се продава за 47,304 денари.