Во српските медиуми се појави видео од исчезнатиот Хрват во Белград Матеј Периш кого го снема на 30. декември околу 2.30 часот.
На видеата се гледа како тој трча по улиците, запира такси, а потоа и како плива во Сава.
Редакцијата Ало пренесе ексклузивни снимки од улиците и шеталиште, на кои се гледа младо момче кое по описот одговара на исчезнатиот Периш, како трча по шеталиштето од правец на салата Бетон кон шеталиштето Сава, а потоа по околните улици.
Во еден момент пробува да застане такси, но возачот не го прима во возилото.
На последното видео се гледа лице кое плива во Сава покрај салата Бетон.
-За видеото на кое некој плива во Сава, никогаш не реков дека е Матеј. Воопшто не верувам дека тоа е снимка од таа вечер. Ме интересираше затоа што сакав да знам која беше температурата на водата таа вечер и беше пет степени. Јас сум ватерполист, цел живот сум во вода и нема шанси да се плива на температура од пет степени во нуркачко одело, а камоли без“, изјавил неговиот татко за хрватски „Индекс“.