Нови снимки: Миле Јанакиески и Игор Јанушев разговараат за списоци со гласачи

by Fokus

На Јутјуб се појави нова аудио снимка на која се слушаат гласовите на Миле Јанакиески и Игор Јанушев од ВМРО ДПМНЕ. Во снимениот телефонски разговор тие координираат за списоци со гласачи.

-МИОА наводно списокот што си го внесол ти како МИОА немало врска со нас“ вели Јанакиески, а Јанушев иронично одговара „сигурно“.

-Шефе, 20 луѓе има што се бележени како МИОА, значи тие што се бележени 20, ако дале 100, значи 80 се покопуваме“, вели Јанушев во снимката.

-На работа сме, куцаме табели, последно имаме осум, вели Јанушев во втората објавена снимка. На тоа Јанакиески прашува до која бројка ќе дојдат, а Јанушев одговара „околу девет е најреално“.

Јанакиески своевремено беше Министер за транспорт и врски во Владата на Никола Груевски, Јанушев во моментов е носител на изборната единица три од ВМРО ДПМНЕ.

Поврзани новости