Нови случаи на труење со газирани пијалоци во Хрватска, потврди министерот за здравство

by Fokus

Хрватскиот министерот за здравство Вили Берош утрово потврди дека има уште неколку случаи на труење со газирани пијалаци во Хрватска.

Првиот таков случај, по кој во јавноста почнаа да се шират предупредувачки пораки, се случи во Риека. Човек кој пиел газирана вода во кафуле, завршил во болница поради сомневање за хемиска повреда на хранопроводникот. Подоцна во Загреб беа пријавени уште три случаи на труење.

„Сите институции си ја вршат работата, здравствениот систем е подготвен за овие предизвици. Постапуваме согласно протоколот. Во сите случаи навремено се известени полицијата, Државниот инспекторат и ДОРХ“, рече Берош.

Од вчера во КБЦ Загреб се примени четворица нови пациенти, еден пациент е примен во болницата Виноград, додека еден е регистриран во Вараждин. Сите имаат благи симптоми и сите ќе бидат отпуштени на домашно лекување.

Останува да се утврди дали сите тие се поврзани со потрошувачката на газирани пијалаци. Засега е извесно дека два случаи се директно поврзани со конзумирање на газирани пијалаци.

На прашањето зошто толку долго се чекаше официјалните информации и се дозволи да се прошири паника во јавноста, министерот Берош објасни дека наодите се чекале и дека „биле објавени во јавноста кога утврдивме дека постои опасност“.

Поврзани новости