723
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 1.650 тестирање, а регистрирани се 6 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 5 и Кичево – 1.
Регистрирани се 27 оздравени пациенти од: Скопје – 17, Тетово – 4, Охрид – 2, Прилеп, Гостивар и Кичево – по 1. Не се регистрирани починати пациенти.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.716, бројката на оздравени пациенти е 150.100, на починати е 5.486, а бројот на активни случаи изнесува 130.