Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 2.430 тестови, а регистрирани се 294 нови случаи на КОВИД-19.
Регистрирани сe 235 оздравени пациенти, а во текот на изминатите 24 часа, се регистрирани две починати лица од: по едно починато лице од Скопје (70г) и Ресен (78г). Сите лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 4 починати лица, од Скопје (1), Кичево (1), Штип (1) и Кочани (1), на возраст од 74 до 82 години. Пријавените лица се починати во период од 22.03. до 25.03.2022 година. Од пријавените лица едно е починато во болнички услови, а 3 лица се починати во домашни услови.
Од вкупниот број на починати лица ( 6 ), кај сите лица се регистрирани коморбидитети.
Досега во земјата се направени вкупно 1.960.264 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 305.717, бројот на оздравени пациенти е 294.662, на починати е 9.220, а бројот на активни случаи изнесува 1.835.