Нови руски напади врз Украина: Ова нема да го заборавиме!

by Фокус

Украинскиот претседател Володимир Зеленски утринава ги коментираше синоќешните руски ракетни напади врз Уман, Днипро и Киев. На својот канал на Телеграм, тој објави видео од последиците од нападот и напиша: „Моето сочувство до сите оние кои ги загубија своите најблиски поради рускиот терор“.

-Овој руски терор мора да се соочи со фер одговор од Украина и светот. И тоа ќе биде. Секој ваков напад, секој ваков злобен чин против нашата земја и народ ја приближува терористичката држава Русија до уништување и казна, а не обратно, како што мислат тие. Нема да заборавиме какво било злосторство и нема да дозволиме напаѓачите да избегаат од одговорноста -порача Зеленски.

Поврзани новости