Нови рестрикции во Италија поради влошената состојба со корона вирусот

by Fokus

Италијанскиот премиер Џузепе Конте најави дека поради влошената епидемиолошка состојба, работното време во кафулињата и рестораните ќе биде ограничено, додека градоначалниците ќе имаат овластувања да затвораат плоштади и јавни места по 21 часот.

Обраќајќи се синоќа на нацијата, тој појасни дека угостителските објекти по 18 часот треба да ја ограничат нивната работа само на услуги на маса и дека нивното работно време ќе биде ограничено на полноќ, локалните фестивали се забранети, а теретаните и јавните базени засега остануваат отворени, иако тој не ја исклучи можноста тие да се затворат за неколку недели.

Поврзани новости