На дигиталното издание на италијанскиот весник Ла Верита денеска беше објавена трета група на аудио материјали поврзани со случајот „Рекет“, кои всушност се телефонски разговори меѓу првосомничениот Бојан Јовановски – Боки 13 и бизнисменот Орце Камчев, во кои, според весникот, се вклучува и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.
Во еден од разговорите Камчев му вели на Боки 13 дека му треба пасошот за да оди до Турција да заврши некоја работа. Притоа, Боки 13 кон трето лице вклучено на спикерфон, за кое весникот наведува дека се работи за Јанева, вели дека Камчев стравувал од обвинителката што го води предметот „Империја“ Лиле Стефанова (Камчев се вклучува со зборовите – не се плашам), по што женскиот глас коментира:
„Многу сум ангажирана затоа не ја држам така редовно под контрола, инаку без мене она не може ништо“. Според другите снимки, Камчев и Боки 13 разговараат за повикување на сведови во постапка, на што жесникот глас дофрлува дека викнати се како сведоци, а не како осомничени.