Демонстрантите во Софија почнаа да се собираат пред зградата на претседателството во попладневните часови, а на самото место има силни полициски сили.
Претходно, заменик началникот на полицијата во Софија, Антон Златанов, изјави дека осум лица се приведени на 16 јули, пред и по антивладините протести во бугарскиот главен град. Тој посочи дека дрога е пронајдена кај двајца приведени, а кај шест лица се пронајдени ножеви, солзавец и пиротехника.
Регионалниот суд во Софија, пак, денеска одреди кауција за четворица млади мажи, кои беа уапсени и обвинети за фрлање шишиња и метални лименки кон полицајците и фрлање на нив во зградата на Националното собрание за време на антивладините протести на 14 јули.
Бугарскиот премиер Бојко Борисов во средата побара од министрите за финансии, економија и за внатрешни работи да си поднесат оставки поради протестите.