438
Денеска во 18 часот се закажани нови протести во организација на Протестирам, во Скопје и во неколку други градови низ Макеоднија.
Денеска на протестите се приклучуваат Кочани и Кавадарци, а закажани се протести во Прилеп кај камената бина, Охрид кај чинарот, Струмица, Скопје пред СЈО.
Мотото на протестите е „Нема правда, нема мир!“
– Со право нè нарекуваат „шарената револуција“. Нашите протести се навистина шарени, не само поради балоните со боја. Пензионери и студентки рамо до рамо, жени и мажи заедно во првите редови, левичари, либералки, десничари, земјоделци, работнички, музичари, професорки, за етницитет и вера и не прашуваме. Доста е едноумие, доаѓа времето на шареното! - велат организаторите.