Нови проблеми за Пол Погба

by fokus

Францускиот фудбалер, Пол Погба, ќе мора да почека за своето враќање на терен, бидејќи само што закрепна од повредата, сега има настинка.

Неговата здраствена состојба ја потврди и тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер, кој рече дека Погба нема да игра на утрешниот меч против Колчестер во англискиот Карабао куп.

Погба веќе 11 седмици нема играно официјален натпревар. Последен настап му беше на 30 септември против Арсенал, а неизвесен е неговиот настап и за време на претстојниот викенд кога Јунајтед ќе гостува кај Вотфорд во Премиерлигата.

Французинот сезонава играше на само шест меча и нема постигнато ниту еден гол.

Поврзани новости