Нови правила за патување во ЕУ? Без оваа дозвола нема влез за македонски граѓани

by Fokus

Во текот на оваа година, најверојатно напролет, нашите граѓани би можеле да се соочат со новости за влез во ЕУ, донесени од електронскиот систем ЕТИАС за аплицирање за влез во ЕУ.

Всушност, тоа е систем каде што луѓето кои сакаат да патуваат во ЕУ ќе треба да се регистрираат преку соодветната апликација кога ќе влезат во ЕУ за прв пат и да платат за таа регистрација.

Накратко, системот ETIAS ќе значи дека без регистрација во апликацијата нема да може да се патува во ЕУ, дека дозволата за патување добиена со регистрација ќе чини седум евра, што нема да се бара само од оние под 18 и над 70 години, кои нема да мора да ја платат споменатата сума, туку ќе треба да се пријават во системот.

За одговор се потребни минимум два дена, а за да не се случи некој следниот ден да има обврска да биде на дестинација во ЕУ и да не се пријавил, поради што не би можел да патува, најдобро е да се регистрирате веднаш штом се појави апликацијата.

Поврзани новости