Нови пожари во Куманово и Штип

by Фокус

Нови пожари избувнаа денес во Куманово и Штип, каде запалена е сува трева.

Регионалниот ЦУК Куманово известува за пожар на отворено на улицата Ѓуро Поштар, каде што гори сува трева и стрниште.

Пожарникарите на Територијалната противпожарна единица ТППЕ Куманово интервенираат од 13.52 часот со 1 ПП-возило и три пожарникари и екипата сѐ уште е на терен.

Регионалниот ЦУК Штип ја пренесува информацијата од пожарникарите од ТППЕ Штип дека во 13 часот имале дојава за пожар на запалена сува трева во близина на турските гробишта во град Штип.

Пожарникарите се излезени со едно теренско возило и со едно ПП-возило со 7 пожарникари.

Поврзани новости