Нови податоци од Пописот: Над 12.000 граѓани користат флаширана вода

by Fokus

Според начинот на снабдување на домаќинствата со вода за пиење над 91 процент користат вода од јавен водовод, додека над 12 илјади или над два проценит од домаќинствата користат флаширана вода за пиење, покажува четвртиот сет на податоци од Пописот на населението, домаќинствата и становите 2021, објавен денеска од Државниот завод за статистика.

Од вкупно 598.632 домаќинства, најголемиот дел или 547 .114 имаат вода во станот со приклучок од јавен водовод, 1 674 имаат чешма во дворот приклучена на јавен водовод, 567 имаат вода од улична чешма со вода од јавен водовод.

Околу шест проценти од домаќинствата во земјава користат вода од посебен извор. Најголемиот дел од нив 24.229 имаат вода во станот со приклучок на сопствен хидрофор, 4.830 користат вода од копан бунар, 4.720 вода од улична чешма со вода од посебен извор, 1.835 имаат вода од дупчен (цевчест) бунар, додека 510 користат вода од цистерна без филтер, а 311 вода од цистерна со филтер.

Поврзани новости