638
Индискиот сој на корона вирусот неодамна почна да се шири во нашата држава, а најголем дел од случаите се од Тетово. Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска информираше околу состојбата со овој сој во нашата држава.
„Ја следиме внимателно состојбата и ќе преземаме мерки доколку тоа е неопходно. Детектирани се уште пет нови случаи на индискиот сој. Три се од Скопје, еден од Куманово и Тетово“, истакна денеска Филипче.