629
Шефот на кабинетот на британскиот премиер Борис Џонсон, Ден Розенфилд, поднесе оставка, а истото го стори и неговиот главен личен секретар Мартин Рејнолдс, соопштија вечерва од кабинетот на премиерот.
Џонсон им се заблагодари за нивниот важен придонес во владата, особено во однос на справувањето со пандемијата и економското закрепнување, се вели во соопштението на портпаролот.