863
Техничкиот премиер Оливер Спасовски во вечерашното гостување на телевизија Телма најави нови мерки на Владата во борба за корона вирусот.
-Го затвораме Водно од 18 часот до 7 часот наутро. Доколку објекти се издаваат за организрање журки, кривично ќе бидат гонети сопствениците, а сите што биле во објектот ќе бидат гонети и сместени во изолација.
Маркетите и супермаркетите да воспостават редарска служба што ќе дозволува само одреден број да влезат внатре, а оние што чекаат надвор да бидат на два метри одалеченост, најави Спасовски.