Нови локални врнежи и температури малку повисоки од просечните

by fokus

До крајот на денот и вечерва од запад постепено облачноста ќе се зголемува и најпрвин на запад ќе започнат повремени локални врнежи од дожд со послаб интензитет. Врнежите во текот на ноќта ќе се прошират и во останатите предели од државава и исто така ќе бидат од локален карактер, на високите планини се очекуваат повремени врнежи од снег. Локално врнежите ќе бидат со умерен интензитет.

Локални врнежи од дожд и тоа особено во претпладневните часови ќе имаме и утре. Во попладневните часови врнежите полека ќе се расчистуваат и ќе престануваат. Максималните дневни температури на воздухот денеска ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 12 степени, утре истите ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 13 степени.

Уште потопло ќе биде во недела кога во најтоплите предели од државава температурите на воздухот ќе достигнат до 15 степени. По одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла и на ниска облачност. Поради ваквата состојба, односно таму каде што ќе има појава на магла и температурите на воздухот ќе бидат пониски.

НАПОМЕНА: Продорот на потоплата воздушна маса од југ во следните неколку денови повторно ќе услови температурите да бидат малку над просекот за овој дел од годината.

Подготви: Славчо Попоски

Поврзани новости