391
Уште пет кривични пријави се поднесени против обвинители во Специјалното јавно обвинителство, со што вкупната бројка на кривични стаса до седум, а осомничени се тројца обвинители.
Пријавите, како што објаснуваат од Јавното обовнителство, се поднесени од различни физички лица.Обвинителите се сомничат за кривично дело малтретирање во вршење на службена должност. Три од новите пријави се против непознати лица, а две се однесуваат на конкретни лица од СЈО.
Од тимот на Јанева известија дека никој од обвинителите не излегол од законските овластувања и дека не малтретирале никого. Пријавите се своевиден притисок врз обвинителството во пресрет на покрнување обвинителни акти против преставници на власта.