По денешната одлука на Слави Трифонов, лидерот на партијата Има таков народ, која е дел од владината коалиција во Бугарија, бугарски екперти веќе прогнозираат можни вонредни парламентарни избори во земјата наесен.
Димитар Ганев во интервју за БГНЕС ја коментираше и изјавата на бугарскиот премиер Кирил Петков дека тој ќе раководи со малцинска влада. За него речиси е невозможно преостанатите партии од владината коалиција да успеат да ја пополнат дупката од 12 пратеници што ја остави партијата на Трифонов и дека ќе можат да функционираат како малцинска влада.
-Најверојатното сценарио е никој да не го поддржува кабинетот или да се формира ад хок коалиција за формирање буџет. По формирањето ќе се влезе во уставна процедура за доделување мандати. Останува да се види дали ќе има нов кабинет во рамките на ова Народно собрание, изјави Ганев.
Најверојатно сценарио за Димитар Ганев се избори наесен.