431
Денеска на електронските адреси на 12 училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа, информира МВР.
По добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите.
И градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски преку социјалните мрежи информираше за дојави за поставени бомби во неговата општина.
„Со жалење сакам да ја информирам јавноста дека пред 10 минути во општинските основни училишта 25 Мај, Дане Крапчев, Григор Прличев, Кирил и Методиј и Крсте Мисирков се пристигнати дојави за поставени бомби“, вели тој.