354
Во седум училишта во Скопје и денеска е упатена закана за поставена бомба, соопшти МВР.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за безбедно евакуирање и антитерористички проверки.
-Во 9:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на електронската адереса на седум училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземаат мерки за безбедно евакуирање и во трек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот, се наведува во соопштението на МВР.