Дојава со закана за поставени бомби на локации во Скопје стигнаа на електронската адреса на повеќе институции, меѓу кои и во претседателската палата, трговски центри…
Од МВР велат дека веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки и во тек се антитерористички проверки.
– Денеска (21.02.2023) е пријавено дека преку електронските адреси е упатена закана за поставена експлозивна направа до Музеј на град Скопје, Природонаучен музеј, Археолошки музеј, Музеј на ММБ Спомен куќа на Мајка Тереза, ГТЦ, Ист гејт мол, ТЦ Бисер, Флатајрон, Џевахир, Управен суд, Куќа на претседателот-Вила Водно, хотел „Мериот“, хотел „Александар Палас“, СЦ „Борис Трајковски“, Железничка станица – Скопје и ФФМ.
Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите, стои во соопштението од МВР.