Нови директори на скопските клиники, Алулоска шеф на Клиниката за детски болести

by fokus

Министерството за здравство информира дека по објавените јавни конкурси за именување директори во јавни здравствени установи, заклучно со шести ноември се назначени нови директори во  неколку скопски клиники.

Нов медицински директор на Универзитетска клиника за Детски болести е Наташа Најдановска-Алулоска, на местото на досегашниот директор-Катарина Ставриќ.

На Универзитетската клиника за хирургија на лице, вилици и врат-максилофацијална хирургија, на местото на досегашниот директор, Славе Наумовски, за нов медицински директор е именувана Даница Поповиќ-Моневска

Во останатите јавни здравствени установи, кои беа опфатени со овој конкурс, за директори се именувани досегашните вршители на должност. Така а в.д. директори се именувани Насер Муареми, в.д. организациски директор во ЈЗУ Универзитетска клиника по кардиологија и  Џемиле Јусуфи, в.д. медицински директор во ЈЗУ Универзитетски институт по клиничка биохемија.

Поврзани новости