Според сѐ уште непотврдени информации, лицето коешто утрово застрела човек на паркингот кај трговскиот центар Мавровка, локацијата ја напуштило со автомобил со белгиски регистарски таблички, пренесува тв Алсат.
Информациите се дека пред да биде извршено убиството, сторителот го отворил багажникот на автомобилот на жртвата, од таму извадил пакет, а потоа пукал кон човекот.
Познато е и тоа дека возилото, марка пежо е сопственост на приватна фирма.
Адвокат е жртвата на пукотницата на паркингот кај Мавровка, дознава „Press24“.
Според неофицијални информации, ликвидацијата се случила пред очите на неговата сопруга.
Адвокатот, наводно, клекнал на колена, но сепак сторителот испукал еден куршум во неговата глава.
МВР засега се уште нема официјална информација за настанот.