Нови детали за несреќата: Пејачот Дарко Лазиќ возел пијан, а возачката дозвола му била одземена пред пет години

by fokus

Српскиот пејач Дарко Лазиќ во текот на вчерашниот ден доживеа сообраќајна несреќа со својот автомобил и во овие моменти тој е во кома, а лекарскиот тим се бори за неговиот живот.

Српски „Курир“ денеска излезе со нови инфомрации околу неговата состојба, а утврдено е дека пејачот возел под дејство на алкохол и во неговата крв биле пронајдени 1,39 примили алкохол.

Исто така, Лазиќ за време на несреќата не бил врзан со сигурносен појас, а возачката дозвола му била одземена пред пет години, затоа што тогаш имал повеќе од 18 негативни поени.

Поврзани новости