Полицијата потврди дека во масакрот во средното училиште во Сански Мост во Босна и Херцеговина, убиени се директорот на училиштето, секретарот и еден наставник. Убиецот бил чувар на училиштето, а жртви му биле вработени со кои од порано бил во конфликт.
Домарот на училиштето со автоматска пушка ги убил директорот на гимназијата Нијаз Халиловиќ, професорката по англиски јазик Гордана Ниџан и училишната секретарка Нисвета Кљуниќ.
Против хигиенчарот и претходно се водела дисциплинска постапка и тој утринава, според неофицијални информации, тргнал во целна потрага барајќи лица кои биле во тие дисциплински комисии и пукал во нив. Според неофицијални информации тој имал и психички проблеми.
По тројното убиство, чуварот се застрелал со намера да се самоубие, но преживеал и се здобил со тешки физички повреди. Тој е префрлен во болницата во Бања Лука и е свесен и се очекува да закрепне.
Според пишувањата на босанските медиуми, мотивот за насилството лежи во претходната дисциплинска постапка против Вукалиќ.