На денешната пленарна седница којашта треба да се одржи попладнево се очекува да бидат избрани двајца нови членови на Судскиот совет, Весна Дамева, која е предлог на претседателот Стево Пендаровски, досегашна стручна соработничка од Кривичниот суд и досегашниот член на Советот, Селим Адеми.
Овие две имиња вчера беа изгласани на собраниската комисија за избори и именување, но заедно со нив не беше изгаласана Павлина Црвенковска, предложена од СДСМ
Весна Дамева и Селим Адеми се очекува да бидат избрани за нови членови на Судскиот совет на денешната пленарна седница во македонскиот Парламент, откако нивните кандидатури минаа на собраниската комисија за избор и именување.
Собраниската Комисија за избор и именување, чиј претседател е Илија Димовски, е составена од шест члена од ВМРО-ДПМНЕ, пет од СДСМ и по еден од ДУИ и од движењето Беса.На кандидатот од СДСМ му фалел еден глас од ВМРО-ДПМНЕ.