Нови бомбашки напади во Авганистан

by Фокус

Исламска држава ја презеде одговорноста за двете денешни експлозии во главниот град на Авганистан, Кабул, се наведува во соопштението на оваа терористичка организација објавено на социјалната мрежа Телеграм.

Во експлозиите загинало едно лице, а најмалку шест се повредени, меѓу кои и три жени.

Терористичките акции на Исламската држава во Авганистан зачестија откако Талибанците ја презедоа власта во август.

Претходно, во напад на Исламска држава врз болница во Кабул загинаа најмалку 23 лица, а десетици беа повредени.

Во средината на октомври, сунитската милитантна организација изврши напад врз шиитска џамија за време на молитва, при што загинаа 65 лица.

Поврзани новости